Рускиот хокеар Алекс Овечкин (38) е се поблиску до историскиот рекорд на НХЛ.
Со два гола во поразот на Вашингтон Капитолс од Торонто Мејпл Лифс сo 7:3 , Овечкин се доближи на 50 гола од соборувањето на рекордот на Вејн Грецки.
Канаѓанецот во кариерата во најсилната хокеарска лига во светот постигна 894 гола.
Овечкин постигна 23 гола оваа сезона – пет во последните три натпревари, откако постигна само осум голови во првите 43 натпревари од сезоната.
Инаку, Русинот 19-та последователна сезона постигна повеќе од 20 гола и е само третиот играч во историјата со ваков учинок.