Падна криминална група: 10 уапсени, запленети 150 килограми дрога

од Илинка Илиоска
284 прегледи

Припадниците на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК) на српското МВР, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) и со помош на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), уапсија девет член на организирана криминална група и заплени повеќе од 150 килограми разни наркотици, главно амфетамини.

Во акцијата со кодно име „Белведере“ учествувале и полициите на Австрија и Чешка, а во Прага е уапсен и десеттиот осомничен член на оваа криминална група.

Претресени се 12 локации на територијата на Белград, Нови Сад Ниш, Лесковац и Сремска Митровица.

Пронајдени и одземени се 142 килограми амфетамини, шест килограми марихуана, 2 литри масло од амфетамин, два литри киселина, две ваги за прецизно мерење, две вакуумски преси, два пиштола, околу 50.000 евра, а привремено се одземени и неколку автомобили.

Акцијата „Белведере“ трае веќе подолго време и во претходниот период се запленети 26 килограми амфетамин и околу 10.000 таблети синтетичка дрога МДМА. Едно лице веќе е во притвор во Босна и Херцеговина.

Девет членови на оваа ОКГ се донесени во ЈТОК и сослушани, по што на барање на обвинителството им е одредена мерка притвор од еден месец.

Слични содржини