ПАДНАА МЕСИНЏЕР И ИНСТАГРАМ: Корисниците ширум светот не можат да испраќаат и примаат пораки

од Nikola Popovski

Дојде до прекин во функционирањето на Инстаграм и Фејсбук Месинџер.

Многу корисници го пријавиле истиот проблем – пораките е невозможно да се испраќаат или примаат.

Сајтот Даун Детектор забележа и голем број извештаи дека овие апликации не работеле во последните 15 минути.

На оваа веб-страница, корисниците во коментарите пишуваат дека проблем во работата на апликациите има и во различни делови на светот, како на пример Тунис, САД, Португалија…

Секако, и Инстаграм и Месинџер имаат ист сопственик – Фејсбук.

Слични содржини