Паднаа веб-страниците на три германски аеродроми

од Radmila Tasevska

Веб-страниците на најмалку три германски аеродроми денес паднаа, откако илјадници патници во средата беа блокирани на аеродромот во Франкфурт поради проблеми со компјутерските системи на авиокомпанијата Луфтханза.

Веб-страниците на аеродромите во Дизелдорф, Нирнберг и Дортмунд се во прекин, но веб-страниците на најголемите германски аеродроми во Франкфурт, Минхен и Берлин работат нормално.

Портпаролот на аеродромот во Дортмунд изјави дека се работи на решавање на проблемот и дека постои основано сомневање дека се работи за хакерски напад, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на Фокус онлајн.

Слични содржини