Пакистан изврши два воени напади врз Авганистан, има мртви деца

од Симе Стоиков
215 прегледи

Пакистан денеска изврши два воздушни напади на авганистанска територија, а во таа прилика загинаа осум деца, соопштија талибанците.

Портпаролот на талибанците „најостро“ ги осуди нападите на авганистанска територија, нарекувајќи ги кршење на суверенитетот на таа земја, пренесува Ројтерс.

Пакистанската војска и министерството за надворешни работи допрва треба да одговорат на тврдењата на талибанците.

Нападите дојдоа кога соседните земји ја разменуваат вината за тоа кој е одговорен за неодамнешната серија на милитантни напади во Пакистан. Пакистан вели дека нападите биле извршени од авганистанско тло, а владејачките талибанци во Авганистан го негираат тоа.

За потсетување пред три дена најмалку пет војници загинаа во напад на милитанти врз воен објект во северозападен Пакистан, соопшти пакистанската армија.

Се додава дека во нападот екстремистите користеле возило натоварено со експлозив, пренесе Ројтерс

Слични содржини