Пакистанскиот премиер: Имаме целосно право да се браниме од Индијa

од Milan1
25 прегледи

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.

„Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели, Итриот непријател изврши кукавички напади на пет локации во Пакистан. Целата нација е со пакистанските вооружени сили и мотивот на целата нација е голем“, напиша тој на својот профил на мрежата X.

По индискиот напад на локации во Пакистан и спорниот регион Џаму и Кашмир, пакистанската телевизија Гео објави дека војската на земјата соборила два индиски воени авиони и дека пакистанските вооружени сили возвраќаат со оган и од земја и од воздух.

Извори на телевизијата Сама потврдија дека Пакистан извршил одмазднички напад.

Слични содржини