Палестина и Косово не се исто, Шпанија не го менува ставот за непризнавање

од Milan1
339 прегледи

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина.

– Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел, истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи.

Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово.

Слични содржини