Палестинскиот премиер Мохамед Штаје во средата го предупреди Израел дека израелското отфрлање на решението за деценискиот конфликт според моделот на две држави може да го одржи системот на апартхејдот и на крајот да доведе до реалност на држава во која земјата ќе го изгуби својот еврејски карактер.
На прес-конференција за странски новинари, Штаје го обвини израелскиот премиер Нафтали Бенет за, како што рече, „три не“ – не средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, не мировни преговори и не палестинска држава.
Новата израелска влада, која положи заклетва во јуни, се состои од левичари, централни партии и ултрадесничари и една мала арапска партија, вклучително и противници на палестинската државност. Бенет се противи на формирањето на државата Палестина и одби да се сретне со палестинските власти.