Палестинските власти процениле дека има 40 милиони тони урнатини во Газа кои треба да се расчистат

од Milan1
30 прегледи

Палестинското Министерство за јавни работи и домување денеска објави дека невиденото уништување во Појасот Газа бара сите релевантни страни да работат заедно за обнова на окупираната палестинска енклава.

Според палестинското Министерство, во Газа има околу 40 милиони тони урнатини кои треба да се исчистат.

Министерот Ахед Бсеисо им рекол на претставниците на ОН, странските дипломати и работниците на невладините организации во Рамала дека неексплодираните убојни средства претставуваат голем предизвик во процесот на отстранување на остатоците, пренесува „Ал Џезира“.

Слични содржини