Палестинското барање за полноправно членство во ОН и официјално е проследено до надлежниот Комитет

од Симе Стоиков
245 прегледи

Амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзи, која е претседавачката со Советот за безбедност на Обединети нации, денеска го проследи барањето на Палестина да стане полноправна членка на Светската организација до надлежниот Комитет за прием на нови членки.

Таа истакна дека барањето ќе се разгледува денеска, а расправата мора да се одржи во текот на месецот додека Малта претседава со СБ на ОН.

„Искрено се надеваме дека по 12 години стекнување статус на држава набљудувач, во СБ ќе се постигне консензус за решение за две држави со прием на Палестина со полноправно членство во ОН“, истакна палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

Минатата недела палестинските власти официјално побараа СБ да го преиспита барањето од 2011 година Палестина да стане полноправна членка на ОН.

За време на седницата, 15-члениот Комитет прво го оценува барањето и утврдува дали земјата кандидат ги исполнува условите за прием во членство во ОН, а потоа носи одлука – или да го одложи приемот или да го испрати до СБ на формално гласање. За прием во членство потребни се најмалку девет гласа во Советот за безбедност на ОН, без вето од петте постојани земји-членки – САД, Русија, Кина, Франција или Велика Британија.

Палестинците имаат статус на држава набљудувач во ОН, како и Ватикан, од 2012 година. Минатата недела тие официјално го оживеаја барањето за полноправно членство во ОН од 2011 година.

Се претпоставува дека САД ќе стават вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во ОН исто како што се спротивставија во 2011 година.

Слични содржини