Убавицата на Baywatch во своите мемоари опишала како го фатила познатиот актер во тројка на забава во вилата на Плејбој.
Во нејзините претстојни мемоари, „Љубов, Памела“, Памела Андерсон откри дека еднаш била сведок на актерот Џек Николсон како „има тројка“ во вилата на Плејбој, пишува NY Post.
-Сите се кикотеа и се бакнуваа до ѕидот, лизгајќи се еден преку друг. Поминав покрај огледалото, се наведнав над мијалникот да си го поправам сјајот за усни – напишала 55-годишната во својата книга.
– Се обидов да не гледам, но не можев да се воздржам и го фатив неговиот поглед во одразот. Претпоставувам дека тоа му помогна „да ја заврши работата“, бидејќи испушти смешен звук, се насмевна и рече: „Благодарам, драга“.
Андерсон се присети на настанот во ексклузивно интервју за Variety, кое објави детали од нејзините мемоари. Популарната Памела нагласи дека „вилата на Плејбој се залагала за целосна слобода“.
– Вилата беше полна со уметници, филантропи, интелектуалки, убави жени … Да се биде таму беше големо искуство – истакна таа.
Имено, Андерсон откри голем број холивудски тајни додека ја пишуваше својата книга, а неодамна откри дека Тим Ален еднаш брзо и го покажал меѓуножјето додека заедно го снимале „Home Improvement“.
-На првиот ден од снимањето излегов од мојата соблекувална, а Тим беше во ходникот во наметка. Ја отвори својата наметка и набрзина ми покажа што има одоздола – се присети Андерсон.
– Рече дека е само фер, бидејќи ме виде гола. Бевме еднакви тогаш. Непријатно се насмеав – рекла таа.