Пандов: ВМРО ДПМНЕ се фокусира на предвремени парламентарни избори, а не смена на Мицкоски

452 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, Александар Пандов, посочи дека ВМРО ДПМНЕ ќе оддржи конгрес на кој тема ќе бидат превремените избори, а не промената на Мицкоски како што тоа беше пласирано во јавноста.

„Јовановиќ сака да ги оцрни луѓето на Никола Груевски. Сегашното раководство на Мицкоски е исто од времето на Груевски, но има подмладен состав без никаков багаж. Партијата и структурите, имаат енергетска насоченост кон тоа да предизвикаме предвремени парламентарни избори поради се што ни се случува. Не треба одредени луѓе по изборите да се удираат во гради и да тврдат колку крв дале за ВМРО ДПМНЕ“, истакна Пандов.

Слични содржини