Меѓу нив се и 250 жители на хотелот до аеродромот Дизелдорф, Германија

Поради откриена 500кг бомба од Втората светска војна денес ќе бидат евакуирани 8.000 жители на регион до аеродромот на градот Дизелдорф, соопшти весникот “Рајнише пост”, цитиран од ТАСС . Меѓу нив се и 250 жители на хотелот до аеродромот. Бомбата беше пронајдена при копање. Радиусот на евакуацијата е 1 километар. Движењето во реонот ќе биде суспендиран, односно ќе биде отежнато патувањето до аеродромот, што сепак ќе попречи во нормалниот режим. Властите ги советуваа патниците да тргнат порано за аеродромот, бидејќи движењето може да се зголеми до два часа. По отстранувањето на бомбата движењето ќе биде вратено во нормала.