Папата Франциск: Кардиналот Пел ја вршеше работата со решителност и мудрост

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска изјави дека починатиот кардинал Џорџ Пел бил верен Божји слуга кој без двоумење и упорно го следел својот Господ во време на искушенија.

Во писмото упатено до ректорот на Колегиумот на кардинали, папата истакна дека Пел, поранешниот благајник на Ватикан, решително и мудро ја вршел својата работа, пренесува „Ројтерс“.

Кардиналот Џорџ Пел, кој беше осуден за сексуална злоупотреба во Австралија, почина вчера на 81-годишна возраст.

Слични содржини