Папата Франциск: Светот не може да функционира без политика

од Илинка Илиоска
690 прегледи

Папата Франциск денеска изјави дека за мир е потребна добра политика и дека светот без политика не може да функционира.

„Може ли светот може да функционира без политика? Може ли (светот) може да најде ефективен пат кон универзално братство и социјален мир без добра политика? Нашиот одговор на овие прашања е: Не? Потребна ни е политика“, рече папата, цитирајќи ја неговата енциклика „ Сите браќа“, на Самитот на Г7, што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација.

Папата Франциск денеска со хеликоптер пристигна во одморалиштето, со што стана првиот папа што учествувал на Самитот на Г7.

Слични содржини