Папата Франциско ги објави плановите за својoт погреб

од Симе Стоиков
177 прегледи

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, најави дека кога ќе умре, неговото тело нема да биде изложено на бдение, ниту пак ќе има украсена дрвена ковчег, какви што се користи за видни личности.

Тој додаде дека погребот на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти е последниот традиционален погреб на римскиот понтиф, каде што телото било изложено, пренесува АНСА.

Во книгата на Хавиер Мартинез Брокало, „Наследникот“, која се состои од интервјуа со папата, Франциско рече дека сака да биде погребан „достоинствено како и секој христијанин“.

Во последните недели Ватикан го откажа присуството на папата на неколку настани поради нарушено здравје, а Францис (86) сега користи инвалидска количка поради проблеми со коленото.

Слични содржини