Папата Франциск разговараше со рускиот патријарх Кирил за војната во Украина

од Milan1
189 прегледи

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Фарнциск денеска разговараше со патријархот на Руската православна црква Кирил, за војната во Украинa, пренесоа британските медиуми.

Лондонски „Гардијан“ пренесува дека ова е првпат од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина поглаварите на двете цркви воопшто да разговараат.

Папата Франциск, во неколку наврати во изминатите три недели повикуваше на прекин на воените дејствија и враќање кон дијалогот и предупредуваше на страшната сиромапштија што војната ја остава зад себе.