Папата Франциско рече дека размислува за патување во главниот град на Украина, Киев, без да даде дополнителни детали за можна посета на украинскиот главен град.
На прашањето на новинарите во авионот од Рим за Малта дали размислува за покана од украинските политички и верски власти да ја посети Украина, папата рече: „Да, поканата е на маса“.
Папата Франциско не соопшти други детали за можната посета, пренесува Ројтерс.
Поглаварот на Римокатоличката црква пристигна во дводневна посета на Малта, што е негово 36 патување во странство, а клучни теми ќе бидат состојбата со мигрантите и бегалците.
Неговата посета доаѓа во тензичен геополитички момент, кога илјадници мигранти го преминаа Медитеранот и милиони воени бегалци од Украина.
Денешната посета на Малта беше планирана за мај 2020 година, но беше одложена поради избувнувањето на пандемијата на коронавирус.