Папата Лав XIV. го прими Џеј-Ди Венс: „Се надеваме дека ќе се најде решение со преговори“

од Milan1
18 прегледи

Папата Лав XIV. утрово го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс.

„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат повторно беше изразено задоволство од добрите билатерални односи, а се разговараше и за соработката меѓу Црквата и државата, како и за одредени прашања од особено значење за црковниот живот и верските слободи.

На крајот имаше размена на мислења за актуелни меѓународни теми, при што беше изразена надеж дека хуманитарното и меѓународното право ќе се почитуваат во областите погодени од конфликтот и дека ќе се најде решение со преговори меѓу инволвираните страни“, се вели во соопштението на Ватикан.

Слични содржини