99
Папата Франциско денеска нагласи дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно. „Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа тие умираат пред нашите очи“, рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.
„Отфрлањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев. Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош“.
Тој наведе дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле експлоатирани и третирани како робови“.