Двајца климатски активисти денес со спреј ја испрскаа влезната капија на кабинетот на францускиот премиер во знак на протест бидејќи, како што наведоа, државата не ги исполнила обврските во борбата против климатските промени.
Активистите носеа маици со слоганот „Кој е виновен“, акцијата беше спроведена во рамките на кампањата на еколошката група „Последна обнова“, а полицијата уапси двајца активисти, пренесе Ројтерс.
Инцидентот се случи додека претседателот Емануел Макрон претседаваше седница на владата.