211
Aвион кој летал на релација Лион-Истанбул попладнево околу 14 часот принудно слетал на меѓународниот аеродром во Тирана.
Според полицијата причина за тоа е обид на патник – авганистански државјанин да се самоубие за време на авионскиот лет.
– Лицето М.Н.(40) државјанин на Авганистан се обидел да се самоубие со сечење на вените на рацете со жилет. Пренесен е во болница, каде му е укажана лекарска помош и моментално е во критична состојба, стои во полициското соопштение.