321
Лидерот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли, истакна дека доколку Европската унија нe е во состојба да одобри визна либерализација за Косово, иако сите обврски се исполнети, тешко дека ќе може да му се спротивстави на Путин.
Тој на својот профил на Твитер напиша дека се сомнева оти Европската унија ќе успее да ја одбрани Украина од Русија, а сегашната ситуација ја нарече „европски мрачен час“.
„ЕУ не можеше да одобри безвизно патување за Косово и покрај исполнувањето на сите услови, сериозно се сомневам дека ќе може да му се спротивстави на Путин и да ја одбрани Украина. Черчил овој ден би го нарекол „Европски мрачен час“, и тоа е точно. Време е да се разбудите и да ја смирите ситуацијата“, напиша Пацоли.