Пазарите „експлодираат“ по паузата на царините на Трамп: Скокнаа акциите

од Milan1
239 прегледи

Американската берза доживеа драматичен пораст откако претседателот Доналд Трамп најави 90-дневна пауза на зголемените царини за сите земји кои не воведоа контрамерки кон САД.

Референтниот индекс на Волстрит, „S&P 500“, порасна за речиси 6 отсто веднаш по објавувањето, ставајќи го на вистинскиот пат за својата најголема дневна добивка од април 2020 година. Технолошкиот „Nasdaq Composite“ скокна за цели 7,7 отсто, забележувајќи го најдобриот ден од март истата година. Дау Џонс забележа раст од над 2.000 поени или 6,1 отсто.

Одлуката за суспендирање на царините доаѓа откако Кина претходно во текот на денот воведе царина од 84 отсто за американските стоки, што предизвика нова рунда трговски тензии. Трамп потоа на социјалните мрежи објави дека царината за Кина ќе биде зголемена на 125 отсто, но дека остатокот од светот привремено ќе биде поштеден од дополнителни давачки.

„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам царината што САД ја наплаќа на Кина на 125 отсто, со моментален ефект“, рече Трамп.

Тој додаде дека повеќе од 75 земји побарале преговори за тарифите кои претходно ги наметна Вашингтон.

Одобрив 90-дневна пауза и значително намалена реципрочна тарифа од 10 проценти, исто така со моментален ефект“, рече поранешниот претседател.

Реакциите на пазарот беа веднаш. Огромен раст забележаа акциите на најголемите американски компании:

Тесла: +13,5 проценти

NVIDIA: + 13 проценти

Слични содржини