270
Сека Алексиќ е приведена во Цирих откако полицијата дошла на нејзиниот настап, јавуваат бројни српски медиуми.
Пејачката во текот на дено се огласи и лично и притоа откри за што се работи.
„Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. Полицијата ми зеде и изјавата и го казни сопственикот за мене и за целиот бенд“, рече таа.
Сека Алексиќ беше приведена во текот на ноќта, а таа и нејзините музичари поминаа осум часа во притвор.