Пекевски: Изборната кампања никогаш не била понеинвентивна, кандидатите ги повторуваат истите работи

Политичарите ги ветуваат истите работи секоја година, на секои избори а во суштина не решеваат ниту еден проблем, вели Пекевски за „Локално“

од Бисера Трајковска
13 прегледи Фото: Принтскрин/ Јурјуб

Изборната кампања до сега никогаш не била понеинвентивна, а квалитет на кандидатите е испод каква било граница на нормалност. Политичарите не успеаваат да ги прочитаат пораките на граѓаните, вели политичкиот аналитичар Синиша Пекевски.

Коментирајќи ја изборната кампања, Пекевски за „Локално“ појаснува дека кандидатите постојано ги повторуваат истите работи на секои избори, а во суштина не решеваат ниту еден проблем.

-Кандидатите и партиите се целосно неспособни. Некако како да живеат во паралелен свет, каде што се функционира нормално. Не ми е јасно како на нив не им смета загадувањето, и како може да ги повторуваат и ветуваат истите работи секоја година, на секои избори, кога во суштина ниту еден проблем не го решаваат, додаде Пекевски.

Во однос на тоа дали постои цензура по објавување на упатството од страна на АВМУ, Пекевски посочи дека не гледа цензура и оти смета дека самите новинари си имаат автоцензура.

Б.Т.