174
Пентагон објави дека борбен авион Ф-16 соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон во американската сојузна држава Мичиген, на границата со Канада.
Објектот наводно летал во близина на американските воени локации и не само што претставувал закана за цивилната авијација, туку бил и потенцијална алатка за надзор.
Американското Министерство за одбрана истакна дека објектот не е оценет како воена закана за објектите на теренот и дека радарите прво го лоцирале над Монтана и дека бил соборен во неделата во 19:42 часот по средноевропско време, објави Ројтерс.