Пентагон денеска соопшти дека се водат активни разговори со источноевропските сојузници за можно распоредување на американски војници во источното крило на НАТО.
Во соопштението се наведува дека секоја одлука за ново распоредување војници ќе биде одвоена од 8.500-те кои минатата недела беа ставени во состојба на зголемена борбена готовност во Соединетите држави со цел евентуално зајакнување на силите за брза реакција.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека за можното, наскоро распоредување на нови сили во Источна Европа, разговарал и американскиот претседател Џо Бајден на крајот на минатата недела.
– Во моментов работиме ригорозно да му обезбедиме различни можности на врховниот командант, кој ќе донесе одлука во тесна консултација со самите сојузници, нагласи Кирби.