Министерството за одбрана на САД објави по иранскиот напад врз американската база во Катар дека нема пријавени жртви. Пентагон потврди дека базата Ал Удеид била нападната со балистички ракети со краток и среден дострел лансирани од Иран и дека досега нема извештаи за американски жртви во нападот.
Од Пентагон информираат деак сè уште ја следат ситуацијата и ќе „обезбедат повеќе информации штом ќе станат достапни“.
Катар, исто така, учествуваше во пресретнувањето на ракетите.
„Министерството за одбрана објави дека катарската воздушна одбрана успешно пресретнала ракетен напад насочен кон воената база Ал Удеид. Благодарение на Бога, будноста на припадниците на вооружените сили и преземените превентивни мерки, инцидентот не резултираше со смртни случаи или повреди“, соопшти катарската влада.
Иранската државна телевизија соопшти дека нападот бил одговор на нападот на претседателот Доналд Трамп врз нуклеарната програма на Техеран за време на викендот.