32
САД не добија претходно предупредување за израелскиот напад во Бејрут, а американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше со својот израелски колега додека операцијата беше во тек, рече портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.
„САД не се вклучени во таа операција и не добивме никакво претходно предупредување“, истакна Синг .
Таа не одговори на прашањето што израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му рекол на Остин за операцијата и дали нападите биле насочени кон лидерот на Хезболах Хасан Насрала. Пентагон, исто така, одби да шпекулира дали лидерот на либанската шиитска група е се уште жив.
Денешниот напад врз јужните предградија на Бејрут е најмоќниот напад на Израел врз либанската престолнина од почетокот на конфликтот.