Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека има многу „силни индикации“ дека цивилните жртви во американскиот напад во Сирија, во кој беше убиен лидерот на Исламската држава Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши, биле предизвикани од таа милитантна група, а не од американските сили.

Кога американските војници се приближуваа до целта, Кураиши се разнесе, убивајќи членови на семејството, вклучувајќи жени и деца, изјавија претходно американскиот претседател Џо Бајден и американските власти.

Кирби им изјави на новинарите дека САД евакуирале 10 лица, меѓу кои и деца од зоната каде што била спроведена акцијата, пренесува Ројтерс.

САД вежбаа хеликоптерски напад врз зградата на лидерот на ИД

Војската на САД постојано го повторуваше хеликоптерскиот напад, надевајќи се дека ќе го фати лидерот на Исламската држава на третиот кат од станбена зграда во сирискиот град Атме на границата со Турција, каде што се криеше со своето семејство, соопштија американските власти.

Пред американските сили да стигнат до него, водачот на ИД Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши активираше експлозивна направа што го уби него и неговото семејство и го разнесе целиот кат на кој се наоѓаше.

Слични содржини