Перу му нареди на мексиканскиот амбасадор да ја напушти земјата во рок од 72 часа, откако Мексико му даде азил на семејството на неодамна сменетиот претседател Педро Кастиљо, објави „Би-Би-Си“.
Кастиљо беше отповикан претходно овој месец кога се обиде да го распушти парламентот и е под истрага под обвинение за бунт и заговор, а моментално е во притвор.
Мексико, сепак, го поддржа сменетиот претседател и претходно објави дека размислува да му даде азил.