Песков: Изјавата на Столтенберг за нуклеарното оружје е уште една ескалација на тензиите

од Milan1

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ја оцени изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за можноста за ставање во состојба на готовност нуклеарното оружје на Алијансата како уште една ескалација на тензиите.

„Тоа не е ништо повеќе од уште една ескалација на тензиите“, изјави Песков за новинарите, а пренесува РИА Новости.

Столтенберг претходно изјави дека НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност, наведувајќи дека транспарентноста во тој случај е одвраќање.

Слични содржини