16
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва и Киев се соочуваат со тешки преговори за формулирање на единствен текст на меморандумот за мировниот договор и прекинот на огнот.
„Двете страни, и Русија и Украина, ги формулираат своите нацрт-документи, кои ќе бидат разменети. Потоа следуваат низа сложени контакти со цел да се постигне заеднички текст. Нема утврдени рокови за завршување на овој процес и не може да има. Секако, сите сакаат тој да биде завршен што е можно поскоро, но проблемот е во деталите“, рече Песков, објави Риа њуз.
Тој исто така изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука за местото на продолжување на билатералните преговори.