143
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека зголеменото учество на Западот во конфликтот во Украина е очигледно и дека Русија тоа го зема предвид, но дека тоа нема да го промени текот на настаните.
„Очигледен е растот на колективното вклучување на Западот во конфликтот во Украина. Го земаме предвид. Повторувам уште еднаш, тоа не може да го промени текот на настаните“, нагласи Песков, пренесе ТАСС.
Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам рече дека земјата ќе испрати тенкови во Украина „што е можно поскоро“.