Песков: Подготвеноста на Путин за дијалог не значи промена на целите во Украина

од Milan1
15 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека зборовите на рускиот претседател Владимир Путин за неговата подготвеност да разговара за решавање на конфликтот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, не значат дека целите на Русија се менуваат.

„Претседателот никогаш не кажа дека целите на воената операција се менуваат“, потсети Песков и посочи дека „не се зборувало за какви било промени“.

Според него, Путин постојано зборувал за отвореност за дијалог со сите заинтересирани страни.

Во јуни Путин ги објави условите на прекинот на огнот, кои вклучуваат повлекување на украинските трупи од самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики (ДНР, ЛНР), регионите Херсон и Запорожје, признавање на овие територии како руски, укинување на Западните санкции против Москва и неутралниот статус на Украина.

Киев овие барања ги нарече ултиматум, руските услови беа критикувани на Запад, а Трамп исто така ги сметаше за неприфатливи.

Еден ден претходно, Путин, говорејќи на форумот Валдаи, рече дека не би сакал да ги коментира изјавите на Трамп за време на изборната кампања, бидејќи „тие се намерно изговорени во борбата за гласови“.

„И она што беше кажано за желбата да се обноват односите со Русија, да се помогне да се стави крај на украинската криза, ми се чини дека барем заслужува внимание“, смета рускиот претседател, а пренесе „Танјуг“.

На прашањето дали е подготвен за разговори со Трамп, Путин одговори потврдно.

Слични содржини