146
Прерано е да се предвидат можните резултати од преговорите меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.
„Работата е тешка и во сегашната ситуација веројатно позитивното е самиот факт дека преговорите продолжуваат”, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тие не сакаат да даваат прогнози“, пренесуваат британските медиуми.
Русија, додаде Песков, е разочарана затоа што западните власти не реагираа на убиството на повеќе од 20 луѓе во градот Доњецк.