Песков: Путин денес ќе се сретне со Ванг Ји

од Radmila Tasevska
157 прегледи

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес ќе се сретне со директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и членот на Политбирото на Централниот комитет на КПК, Ванг Ји, кој се смета за највисок Кинескиот дипломат, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин денес е во Кремљ. Неговата агенда во доцните попладневни часови ќе биде посветена на прашања од надворешната политика. Путин ќе го прими Ванг Ји, кој моментално е во официјална посета на Русија и е задолжен за надворешната политика на Кина“, рече Песков.

Тој додаде дека Ванг веќе разговарал со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесе ТАСС.

Слични содржини