36
Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина во голема мера се совпаѓа со рускиот, изјави денес прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Постојат многу елементи што навистина се совпаѓаат со нашата позиција“, рече портпаролот на Кремљ, според Тасс.
Тој истакна дека сè уште е прерано да се зборува за какви било конкретни услови од договорот за Украина.
„Оваа работа не може да се извршува во јавен формат, може да се извршува само во дискретен формат“, додаде Песков.