Москва мора да дејствува на начин на кој воениот потенцијал на Украина не може да ја загрози безбедноста на Русите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Поаѓаме од она за што зборуваше претседателот Владимир Путин: имаме четири нови региони и мора да ги заштитиме тие луѓе таму и да ја ослободиме територијата која во моментов е окупирана таму“, рече Песков одговарајќи на прашање за нови ризици од конфликт во иднината.
Песков додаде дека Украина „стана алатка што Западот ја користи за да ја скроти Русија и да ја остави на маргините на развојот“.
Портпаролот на Кремљ посочи дека во моментов нема предуслови ситуацијата во Украина да „се движи во насока на мирот“ и дека, за Русија апсолутен приоритет е постигнувањето на целите на Специјалната операција, што, во моментов, е можно само со воени средства.
„Ситуацијата во Украина може да се смени на мирен курс, под услов да се зематпредвид де факто ситуацијата и новата реалност. Сите барања на Москва се добро познати“, заклучи Песков.