286
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека САД водат „економска војна“ против Русија.
„САД објавија економска војна на Русија и тие ја водат таа војна“, изјави Песков за новинарите.
Тој рече дека руските власти за „неколку часа“ ќе го утврдат списокот на суровини за кои ќе биде забранет извозот и увозот во Русија како одговор на санкциите што и ги воведоа многу земји.
На новинарско прашање кои суровини ќе се најдат на списокот, Песков само рече дека тоа ќе го утврди Владата.
Не сакаше да одговори кои гранки ќе бидат зафатени со контрасанкции.