Песков: Ситуацијата во светот е навистина алармантна

од Radmila Tasevska
154 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес изјави дека ситуацијата во светот е крајно алармантна и дека нема индикации за деескалација.

„Кога ќе погледнете сè, ситуацијата е навистина алармантна“, рече Песков, коментирајќи го извештајот дека „Часовникот на судниот ден“ се поместил десет секунди до полноќ, поблиску од кога било, пренесе ТАСС.

Песков објасни дека зборувал за состојбите во светот, но и во Европа.