Киев во вторникот побара од НАТО да го отвори патот за влез во западниот воен сојуз.
Русија ќе ги задржи своите воени сили во близина на државната граница со Украина се додека смета дека е потребно и тие да не претставуваат закана за соседите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Украина во вторникот побара од НАТО да му го отвори патот за влез во западниот воен сојуз, што веднаш предизвика протест на Москва, пишува Ројтерс.
Како што рече, руските трупи ќе останат во областите во земјата каде што е потребно и ќе останат таму сè додека раководството смета дека е целисходно.
– Руските вооружени сили остануваат таму на територијата на Руската Федерација, каде што се смета дека е потребно и целисходно. И тие ќе останат таму сè додека нашата воена команда и врховниот командант сметаат дека е потребно – рече Песков, пренесува Тас с.
Портпарол на Кремљ одби да одговори на прашањето дали руските трупи ќе се вратат во своите постојани бази од областа близу границата со Украина затоа што немал точни податоци „со оглед на плановите за распоредување и прераспоредување на војниците“.