Песков: Војната може да заврши во секој момент, доколку Киев ги исполни условите

од Milan1
210 прегледи

Во пресрет на почетокот на третата рунда разговори меѓу руската и украинската делегација, што најверојатно ќе се одржи во Белорусија, портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, уште еднаш посочи дека Русија е подготвена да прекине воена акција доколку Киев ги исполни поставените услови.

Во изјава за Ројтерс, Песков рече дека воената акција може да престане „во момент“ доколку Киев ги исполни условите поставени од Русија.

„Тие треба да донесат амандмани на Уставот, според кои Украина ќе ги отфрли сите напори за приклучување кон кој било воен блок“, рече Песков, мислејќи на НАТО алијансата.

Дополнително, рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека целите на Русија се „демилитаризација“ и „деназификација“ на Украина и дека нема да седне на преговарачка маса додека Киев не го „спушти оружјето“ и „ја прекине борбата“.

Во исто време, преговорите меѓу двете делегации ќе продолжат денеска на тајна локација, а неодамна беше објавено дека Турција ќе биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на Украина и Русија, Дмитриј Кулеба и Сергеј Лавров.

Слични содржини