Песков за Си-Ен-Ен : Путин е подготвен да преговара

од Milan1
284 прегледи

Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, во изјава за Си-Ен-Ен кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара”, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.

-Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија, рече Песков.

„Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот. Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара”.

Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на претседателот Путин му соопшти дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.

Слични содржини