Песков: За жал Русија моментално живее во „агресивна средина“

од Milan1
312 прегледи

Најавите на НАТО за зголемување на контингентот, концентрирање на трупи и средства на источната периферија ги зголемуваат тензиите во безбедносната сфера, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сакам да свртам внимание на фактот дека сето ова се случува, не поради она што го прави Русија, туку поради она што го прави НАТО, САД и поради информациите што ги шират“, нагласи Песков. Тој истакна дека сета оваа информативна хистерија е проследена со многу лаги.

Тој привлече внимание и на концентрацијата на украинската војска и опрема на линијата на одвојување во Донбас, што покажува дека Киев подготвува офанзива. Тоа многу ја загрижува Москва.

Тој посочи дека рускиот претседател Владимир Путин ги презема неопходните мерки за да ја обезбеди безбедноста и интересите на Русија и нејзините граѓани.
„Ние бевме иницијатори на преговори, консултации (за безбедносни гаранции за Русија) и очекуваме да добиеме писмен одговор на нашите предлози оваа недела, што треба да ни помогне да избегнеме такви тензични ситуации во иднина“, изјави портпаролот на Кремљ.

Според него, за жал, Русија моментално живее во „агресивна средина“.

„Читаме изјави на претставници на земјите од НАТО, апсолутно непријателски настроени кон нас. Тоа е реалноста во која живееме“, заклучи Песков.

Слични содржини