Пет мртви, 20 ранети во руски напад на Херсон

од Radmila Tasevska
160 прегледи

Во рускиот напад утринава врз центарот на Херсон, на југот на Украина, загинаа пет лица, а најмалку 20 се ранети, претседателот, Володимир Зеленски, го осуди како терористички чин и посочи дека целта беше да се „заплашат“ Украинците.

„Сабота наутро, на Божиќ, во центарот на градот! Тоа не се воени објекти. Тоа не е војна според дефинирани правила. Тоа е терор, тоа е убиство за да заплашиш и после да уживаш во него“, рече Зеленски на социјалните мрежи.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, објави дека во тоа гранатирање загинале најмалку пет лица, а 20 се ранети.

Слични содржини