Петков однесе список со 19 имиња на криминалци во Обвинителството

од Milan1
218 прегледи

Бугарскиот премиер, Кирил Петков денеска во бугарското обвинителство е на распит за имињата што ги спомна на средба со главниот обвинител Иван Гешев минатата недела. Петков истакна дека има список со 19 имиња, од кои дел веќе прочитал на брифинг.

„Тоа се имиња кои се информации од јавен карактер, имиња кои добро ги знаете. На списокот нема фирми, само поединци“ изјави тој.

Обвинителството пред неколку дена соопшти дека на средба премиерот посочил имиња и прекари на лица кои според него се основа на криминалот во таа држава и против кои не се преземени потребни дејствија за да се бараат кривична одговорност.

Слични содржини