Петков започнува кампања за собирање средства за Украина

од Маја Анчевска
175 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков во пост на својот Фејсбук профил објави дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и бидат доставени на украинската Влада.

Според Петков, испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. За таа цел тој ќе донира една од своите плати како премиер на Бугарија, додавајќи дека  во јавниот простор во земјата има многу екстремни мислења на оваа тема.

Во среда, премиерот и делегација предводена од бугарската владејачка коалиција ќе го посетат Киев. Според него, додека не се постигне политички консензус на темата, граѓаните на Бугарија, кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можат слободно да изберат финансиски да и помогнат на Украина за набавка на муниција. Петков најави јавна кампања за собирање средства што ќе ѝ се предадат на украинската влада.