Петковиќ: Ако КФОР не е способен да го заштити српскиот народ, има кој да го стори тоа

од Milan1

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и ги повика КФОР и меѓународната заедница итно да ги заштитат косовските Срби.

„Ги повикуваме и КФОР и меѓународната заедница да реагираат и да го спречат лудилото на Албин Курти. Бидејќи ако КФОР не е способен да реагира и да го заштити српскиот народ, има такви што ќе реагираат. Ова е вистински момент да го слушнеме одговорот од меѓународната заедница, која е должна да го одбрани српскиот народ“, рече Петковиќ.

Тој нагласи дека ова е седми упад на косовската полиција.

„Меѓу десетиците повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во операционата сала во Косовска Митровица. Директорот на болницата истакна дека бил погоден во градите и дека ќе му извадат куршум заглавен во белите дробови. До ова доведе дивјаштвото на косовскиот премиер Албин Курти“, изјави Петковиќ.

 

Слични содржини